ЛАВЕСГО ДОО Скопје, Lawesgo и Lawesgo Charge не сносат одговорност за каква било директна или индиректна штета, дефекти или неправилности на возилото, освен во случаи кога штетата е директно предизвикана од докажан технички дефект на полначот.
Користењето на полначите се врши на сопствена одговорност на корисникот, кој е должен да ги почитува сите упатства, технички услови и правила за безбедно користење.
ЛАВЕСГО ДОО Скопје, Lawesgo и Lawesgo Charge не одговараат за штета настаната како резултат на:
Сите полначи се сертифицирани и одобрени согласно важечките европски стандарди и се инсталирани во согласност со техничките и безбедносните прописи. ЛАВЕСГО ДОО Скопје, Lawesgo и Lawesgo Charge обезбедуваат редовно одржување и јасни насоки за правилно користење на опремата.
Во секој случај, вкупната одговорност на ЛАВЕСГО ДОО Скопје, Lawesgo и Lawesgo Charge, доколку таква одговорност се утврди, е ограничена до износот платен од корисникот за конкретната услуга на полнење.
ЛАВЕСГО ДОО Скопје го задржува правото на измена на овие услови, при што сите измени ќе бидат објавени на официјалната веб-страница и ќе стапат во сила со денот на објавување.